Сите столчиња на стадионот се обележани каде треба да се седи, каде не е дозволено (Фото)

Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија, попладнево до 18:15 часот ќе се борат за трофејот во Купот на Бугарија. Од фудбалската федерација на Бугарија, во согласност со здравствените уредби за внимавање за време на пандемијата со корона-вирусот, беше одлучено финалето да се игра со присуство на публика.

На националниот стадион „Васил Левски“ ќе биде дозволено присуство на 12.000 гледачи, што е речиси една четвртина од капацитетот на трибините. Организаторите одлучија секое столче на кое нема да биде дозволено да се седи, да биде уредно одбележано и да се знае каде смее, а каде не смее да има гледачи.

На сите навивачи им е наложено да носат маски и да се придржуваат до здравствените уредби во вакви ситуации.

Од спортски аспект, ЦСКА е фаворит, но кога се игра еден меч, сите опции се реални. На последните шест меча на овие два тима секогаш било од 0-2 погодоци, а ЦСКА може да се пофали со три победи, додека Локомотив се радувал само еднаш.

 

- Оглас -

Најнови вести