Сите трофеи на Меси и Роналдо: Кој е подобар?

По 28 години чекање, Аргентина конечно освои трофеј на големо натпреварување. Гаучосите се радуваа на пехарот на Копа Америка, наменет за најдобрата репрезентација во Јужна Америка. Во финалето, Аргентина на „Маракана“ во рио де Жанеиро го победи домаќинот Бразил, минимално со 1:0.

Со оваа победа се стави крај на проклетството на Лионел Меси и неговата сага да освои трофеј со националниот тим. Меси со Аргентина претходно три пати губеше во финале на Копа Америка, а еднаш загуби и во финалето на Светското првенство во 2014 година.

Меси беше прогласен за најдобар играч на турнирот, но едноставно оваа индивидуална награда не му е толку значајна како што е трофејот што конечно го освои, затоа што веќе не важи тоа што го зборуваа за него дека „со репрезентацијата ништо нема освоено“.

Претходно, фановите на Кристијано Роналдо имаа аргумент кој велеше дека Португалецот бил континентален првак со својот национален тим, но сега и Меси е на исто рамниште. Сега двајцата имаат по еден шампионски пехар со репрезентациите, а на клупско ниво, нивната ризница на медали, трофеи и признанија е неверојатна.

ШТО ИМА ОСВОЕНО МЕСИ НА КЛУПСКО НИВО?

Златна топка (6): 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019

Шампион на Шпанија (10): 2005, 2006, 2009, 2010, 2011, 2013, 2015, 2016, 2018, 2019.

Купот на Шпанија (7): 2009, 2012, 2015, 2016, 2017, 2018, 2021.

Лига на шампиони (4): 2006, 2009, 2011, 2015.

Европски Супер куп (3): 2009, 2011, 2015.

Светско клупско првенство (3): 2009, 2011, 2015.

ШТО ИМА ОСВОЕНО КРИСТИЈАНО РОНАЛДО НА КЛУПСКО НИВО?

Златна топка (5): 2008, 2013, 2014, 2016, 2017.

Шампион на Англија (3): 2007, 2008, 2009

ФА Куп (1): 2004

Лига Куп (2): 2005, 2006.

Лига на шампиони (1): 2008.

Светско клупско првенство (1): 2008.

Шампион на Шпанија (2): 2012, 2017.

Куп на Шпанија (2): 2011, 2014.

Лига на шампиони (4): 2014, 2016, 2017, 2018.

Европски Супер куп (2): 2014, 2017.

Светско клупско првенств (3): 2014, 2016, 2017.

Шампион на Италија (2): 2019, 2020.

Куп на Италија (1): 2021.

- Оглас -

Најнови вести