Сити дели петарди, а Борнмут месецов веќе прими петка во Манчестер

Манчестер сити дели само петарди во последно време, има две победи од по 5:0 во последните две кола во Премиерлигата, а вечерва гостин ќе им биде екипа која веќе прими пет гола во Манчестер месецов.

Борнмут ќе се обиде да им се спротивстави на ефикасните граѓани, а интересно е дека пред десеттина дена беа торпедирани со 5:2 од вториот премиерлигаш од Манчестер, од Јунајтед во прволигашки меч.

Сити по ред ги победи Њукасл и Брајтон со по 5:0 и според формата лесно може да приреди реприза против денешниот ривал, кој бие тешка битка за опстанок.

На популарните Цреши им е требаат бодови за опстанок на терен на кој во последните 22 години гостувале петпати и имаат исто толку порази од Манчестер сити.

Сити има и една победа против Борнмут со пет постигнати голови, во 2015 славеше со 5:1, а на сите шест меча од 1998 година на кои му бил домаќин на денешниот ривал има гол-разлика од 18:3.

Дуелот ќе се игра од 19 часот на „Етихад“ во Манчестер.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести