Сити е кошмар за Арсенал: Граѓаните имаат 13 победи во последните 14 меча против лондонскиот тим

Манчестер сити минимално со 1:0 го победи Арсенал и се пласираше во следното коло од ФА Купот. Аке со гол во второто полувреме донесе радост на Сити во најстарото клупско натпреварување во светот, а за Арсенал остана да се надева дека сезонава на трофеј ќе може да се израдува само во првенството, каде Топчиите играат одлично и моментално се лидери на табелата.

Сити и Арсенал сезонава играа за прв пат, а тренерот на гостите, Микел Артета реши од првиот тим да изостави неколку стандардни првотимци. Сепак, дури и Арсенал да беше комплетен за овој меч, прашање е дали ќе можеа да се спротистават на домаќинот, посебно ако се знае традицијата меѓу овие два клуба.

Во последните пет и пол години, Сити и Арсенал имаат одиграно 14 среби, а Граѓаните се радувале дури 13 пати, додека лондонскиот тим има само една победа. Во овој период гол разликата е 34 дадени гола за Сити, а Арсенал само шест пати погодил во тие 14 дуели, што само ја потврдува апсолутната доминација на тимот на Пеп Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести