Сити и Гвардиола се подготвуваат за најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал

Англиските медиуми најавуваат дека летово може да се случи најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал. Се работи за можен трансфер на Џек Грилиш од Астон вила во Манчестер сити. Грилиш е капитен на тимот од Бирмингем, а според најавите, неговиот трансфер меѓу Граѓаните може да чини неверојатни 120 милиони фунти.

Доколку се случи такво нешто, Грилиш ќе стане убедливо најскапиот играч во историјата на англискиот фудбал. За Грилиш се интересира и Манчестер јунајтед, но Црвените ѓаволи најавија дека се подготвени да платат „само“ 70 милиони фунти.

Капитенот на Астон вила има 25 години и игра како офанзивен играч на крилната позиција. Со добрите настапи за клубот, минатата година доби повик и за репрезентацијата на Англија, каде веќе има пет меча.

 

- Оглас -

Најнови вести