Сити и Јуве ќе тепаат без мака, во Шпанија ќе има борба за место во ЛШ

Манчестер сити – Барнли (21 ч.)

Нема дилеми дека домаќинот е огромен фаворит и сè освен победа на Манчестер сити ќе биде големо изненадување. Граѓаните го имаат убедливо најдобриот напад во Премиер лигата, а на свој терен сезонава се радуваа 10 пати во 14 меча.

Барнли нема добри спомени од мечевите со овој ривал затоа што Сити има осум победи во последните девет меѓусебни средби, а дури четирипати во последните шест дуели имало барем по пет погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.72)

 

Вилјареал – Севилја (19 ч.)

Дуел со голем влог. Севилја е на посакуваното четврто место на табелата, додека Вилјареал мора да брка победа ако сака да ги задржи реалните шанси за место во ЛШ. Статистиката вели дека Жолтата подморница победи на последните два меѓусебни дуели и сега е потребен нов триумф за Вилјареал.

Севилја е вториот најдобар тим на гостински терен и сигурно нема лесно да се предаде.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.28)

 

Лече – Милан (19:30 ч.)

Трите бода се повеќе од потребни за Лече. Домаќините моментно се во зоната за испаѓање, но имаат реални шанси да бркаат спас. Ефикасноста е најголем проблем за Росонерите кои го имаат четвртиот најслаб напад во лигата (28 гола во 26 средби).

Милан на гости има само едно реми, а Лече иако е слаб домаќин, ако сака да се надева на опстанок и не смее да губи на свој терен.

Предлог тип: 1Х&0-3 (3.25)

 

Болоња – Јувентус (21:45 ч.)

Мисијата на Јувентус за продолжување на доминацијата во Серија А ќе продолжи вечерва, со гостување кај Болоња. Тоа е тим кој игра солидно сезонава, но кога се работи за мечевите против Старата дама, едноставно се осудени на пораз. Јувентус победи на 13 од последните 14 меча со овој ривал, а Болоња вкупно има освоено само еден бод во последните осум години.

Предлог тип: 2 (1.62)

 

Аланијаспор – Трабзонспор (20 ч.)

Дуел на две екипи кои минатата недела се радуваа на пласман во финалето на Купот на Турција. Аланија и Трабзон ќе играат во борбата за трофејот во Купот, но вечерва прво треба да ги одмерат силите во првенствен дуел.

Аланија нема никаков притисок затоа што е сигурна во горниот дел од табелата, но со минимални шанси да го брка четвртото место на табелата. За разлика од Аланија, Трабзон е во мртва трка со Басшакшехир за титулата во првенството. На Трабзон му требаат три бода од денешното гостување за да биде повторно лидер. Трабзон е тимот кој е убедливо најдобар на гостински терен само со еден пораз во 13 меча, но Аланија е многу солиден тим кога игра дома.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести