Сити игра меч за историја, мора да победи, но против себе има ривал кој нема пораз во 2021 година

Манчестер сити гостува кај Свонси во меч кој може да биде историски за англискиот фудбал. Граѓаните се големи фаворити против тимот од втората англиска лига, a победникот ќе се пласира во четвртфиналето на ФА купот.

Свонси е на третото место во Чемпионшип, но екипата е во одлична форма и во последните 10 средби има осум победи и само две нерешени. Популарните Лебеди последниот пораз го имаат на 16 декември минатата година, па дуелот со лидерот во Премиер лигата им е вистински тест за нивните квалитети.

Сити игра во феноменална форма. Граѓаните наредија 14 победи во низа, а последниот триумф беше убедлив, и тоа на „Енфилд роуд“ против Ливерпул со 4:1, со што само Сити ја потврди моќта. Со 14 победи по ред, Сити го израмни рекордот во историјата на англискиот фудбал што го држеа Престон од далечната 1892 година и Арсенал во 1987 година, кога победувале на 14 средби по ред.

Доколку Сити вечерва успее да победи на гостувањето кај Свонси, тоа ќе биде првиот англиски тим кој наредил 15 победи едно по друго.

 

- Оглас -

Најнови вести