Сити има шанса да освои четири трофеи, но Гвардиола забранува да се зборува за тоа

Манчестер сити е во игра во сите четири натпреварувања во кои што учествува сезонава, а менаџерот Пеп Гвардиола не сака да зборува на таа тема, дури и на фудбалерите им забранува да зборуваат за таа можност. Шкотски Селтик е единствен тим во историјата на британскиот фудбал кој освоил четири трофеи во иста сезона (европски прваци, шампиони во домашна лига и два купа), и тоа во 1967/68.

Граѓаните се четвртфиналисти во Лигата на шампионите, во Премиерлигата водат со 14 бода предност и ќе ја освојат титулата, финалисти се во Лига купот, а во ФА купот се полуфиналисти.

После вечерашната победа над Евертон во ФА купот, Илкај Гундоган, беше запрашан како ги проценува шансите за четири трофеи, но тој само кажа дека мислат само на следниот меч после репрезентативната пауза. Гвардиола воопшто не ја спомна можноста да ги освојат сите натпреварувања, и со тоа сака да го намали притисокот врз играчите во пресрет на пишувањето историја.

- Оглас -

Најнови вести