Гундоган годинава се претвори во гол машина (Видео)

Манчестер сити го победи Евертон со 2-0 во четвртфиналето на англискиот ФА куп, со голови на Илкај Гундоган и Кевин Де Бројне во последните шест минути од средбата на „Гудисон парк“. Карамелите се бранеа добро, но попуштија во финишот кога примија голови од играчи од средниот ред на Граѓаните.

Клучно беше отворањето на резултатот во 84-та минута, кога со глава погоди Германецот Гундоган. За играчот со турско потекло, ова е дури 12-ти гол во 2021 година (повеќе од било кој премиерлигашки играч) и 16-ти погодок сезонава во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести