Сити испратил понуда за Меси, но таа не била светски рекорд, па паднала во вода

Лионел Меси стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина откако во интервју ја објасни целата ситуација за можното негово заминување од „Камп ноу“. Аргентинецот призна дека е незадоволен од челниците на Барселона и сака да си оди, но не го пуштија затоа што има уште една година од договорот.

Манчестер сити беше најконкретен во понудата да го купи Меси, но од Барселона не прифатија. Шпекулации имаше многу, а најновите се дека Граѓаните понудиле 181 милион евра да платат за да го откупат договорот на Лео. Сумата требало да биде платена на две еднакви годишни рати по 90,5 милиони евра. Барселона би добила и бонус од 18 милиони евра ако Меси со Сити стане европски првак, но сето тоа било неприфатливо за каталонскиот гигант.

Светскиот рекорд за трансфер на еден играч го држи Нејмар, кога за сума од 222 милиони евра од Барселона замина во Пари Сен Жермен. Втор на оваа листа е Килијан Мбапе, кој меѓу Светците дојде за сума од 180 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести