Сити како брз воз ја прегази Астон вила

Манчестер сити ја растури Астон вила со убедливи 6-1 на гостувањето на „Вила парк“ во Бирмингем. Граѓаните немаа милост и уште во првото полувреме завршија голем дел од работата.

Од 18-тата до 45-тата минута Сити веќе имаше голема предност од 4-0, а стрелци на головите беа во два наврати Марез, па Агуеро и Габриел Жесус.

Аргентинецот ги реализира останатите два гола во вториот дел со кој оствари хет-трик, и воедно стана најдобар странски стрелец во Премиер лигата со 178 погододи, надминувајќи го рекордот на Тиери Анри.

Почесниот гол за Вила го постигна Ел Гази во судиското надополнување од белата точка.

Сити го искористи вчерашниот пораз на Лестер и се искачи на втората позиција на табелата со 47 бода, додека Астон вила се наоѓа во црвената зона со 21 бод по 22 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести