Сити ќе биде без еден од најдобрите играчи во „мечот на сезоната“

Манчестер сити денеска го победи Тотенхем со 1:0 и се врати на првото место во Премиер лигата. Фил Фоден беше стрелец на победничкиот гол уште во петата минута од мечот. Сепак, не беше се перфектно за Сити на овој меч. Уште во првото полувреме се повреди Кевин де Брујне и мораше да биде заменет. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола се плаши дека се работи за посериозна повреда и дека белгискиот репрезентативец нема да може да игра на следниот меч, градското дерби против Манчестер јунајтед.

„Не сум разговарал со лекарите, но знам дека е повреда на мускулот. Не знам колку е сериозно, но мислам дека нема да може да игра на следниот меч“, рече Гвардиола за повредата на Де Брујне.

- Оглас -

Најнови вести