Сити ќе го награди најдобриот во Англија со двојно поголема плата

Манчестер сити ќе го награди својот капитен Кевин де Бројне со нов побогат договор. Актуелната соработка на белгиската ѕвезда му истекува во јуни 2023 година, а Граѓаните имаат намера да му го продолжат договорот најмалку на уште две години и притоа неделната плата од 187.000 фунти да му ја зголемат на 350.000 фунти, речиси двојно повеќе.

Де Бројне минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата откако сезоната ја заврши со 13 погодоци и рекордни 20 асистенции во 35 лигашки натпревари.

Преговорите околу новиот договор со Де Бројне траат уште од периодот кога Сити беше во опасност да добие суспензија од УЕФА за настап на меѓународните натпреварувања и беа во неизвесност, но откако се доби спорот на суд и Граѓаните го задржаа учеството во ЛШ, се отстранија сите сомнежи дека Белгиецот може да го напушти „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести