Сити, Лестер и Борнмут пресилни за нисколигашите, Волците и Ѓаволите ќе преигруваат

Манчестер сити продолжува во походот кон одбрана на трофејот во ФА купот, откако Граѓаните без поголеми потешкотии славеа со 4-1 против нисколигашот Порт Вејл.

Комбинираниот состав на Гвардиола предводен од искусните Серхио Агуеро и Давид Силва претрпе мал шок откако гостите израмнија на 1-1 преку Попу во 35-тата минута, но уште пред паузата Агуеро стрелаше за 2-1, а потоа младите Харвуд-Белис и Фоден ги решија сите дилеми.

Со автоголот на Пирс и еден на Барнс, Лестер рутинирно го совлада Виган со 2-0, додека Борнмут немаше милост кон Лутон во победата од 4-0, а Портсмут со 2-1 беше подобар од Флитвуд.

Единствениот меч на кој немаше погодоци се одигра на „Молињу“ помеѓу Вулверхемптон и Манчестер јунајтед. Волците и Црвените Ѓаволи ќе преигруваат на „Олд трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести