Сити не ја „рецка“ УЕФА, дали поради тоа ќе биде исфрлен од Лигата на шампионите?

Манчестер сити во последниве неколку години стана еден од највлијателните клубови во Англија. Сето тоа е благодарение на сопственикот Мансур бин Заед, кој е еден од најбогарите шеици во Катар. По доаѓањето на шеикот, Сити потроши многу милијарди евра за доведување нови играчи. Сепак, таквиот начин на трошење пари не е во согласност со правилата на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот воведе финансиски фер плеј според кој клубовите не смее да трошат повеќе пари од тоа што ќе заработат. Германскиот весник „Шпигл“ откри документи кои покажуваат дека наместо пари од спонзорски договор, сопственикот на Сити сам си уплаќал средства кои ги прикажувал како прилив на средства од спонзори.

Од УЕФА побараа челниците на Сити да објаснат од каде им се тие милиони, но газдата Мансур едноставно реши да ги игнорира челниците во Нион. Шеикот дури најави дека планира да ангажира стотина врвни адвокати и да се „влече“ по судови дури и до 20 години. Газдата на Сити вели дека тие докази кои ги има УЕФА се невалидни, бидејќи биле од хакирани податоци.

Ако се докаже дека англискиот првак го прекршил финансискиот фер плеј, Манчестер сити може да биде исфрлен од Лигата на шампионите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести