Навивачката група на Работнички, „Сити Парк Бојс“ реагираше по одлуката на Кошаркарската федерација на Македонија, дуелот меѓу Вардар и Работнички да биде прогласен од висок ризик. Вардар е домаќин на Работнички, а популарните Сити Парк Бојс добија дозвола да купат само 40 карти за овој натпревар, што наиде на реакција кај најверните фанови на тимот од Градски парк.
„И повторно најголемиот непријател на кошарката во Македонија е кошаркарската федерација. Неофицијално е најавено пристуство на двете навивачки групи па така стручњаците за организирање натпревари од федерација заедно со полицијата донесоа заклучок дека натпреварот е од висок ризик со што не ограничија на само 40 карти.
Прашање до федерацијата дали салата воопшто ги исполнува минималните услови за одржување на еден прволигашки натпревар за кои ни беше оневозможено да играме во Градски Парк? Зошто после толку време кога салите повторно почнаа да се полнат се ставааат не логични ограничувања и забрани? Зошто наместо да биде празник за сите со добра атмосфера секој натпревар ја погребувате кошарката се повеќе и повеќе?!
Во знак на револт одлуката на групата е утрешниот натпревар да го “разубавиме” со нашето НЕ ПРИСУТСТВО. Нека остане во салата комесарот сам со неговиот претседател и заедно нека уживаат во спортот кој го убиваат.
ЗАБРАНЕТЕ СЕ И ОСТАНЕТЕ САМИ,
ШТО ЌЕ ВИ Е ВАС ПУБЛИКА И ПОЛНИ САЛИ!!!“