Сити сака да покаже моќ: За Кулибали дава исто колку и Манчестер јунајтед

Манчестер сити ќе се обиде да го доведе Калиду Кулибали од Наполи. Според пишувањата на „Газета дело спорт“, англискиот гигант испратил понуда вредна 95 милиони евра за доведување на дефанзивецот. Оваа сума е иста со таа која претходно за Кулибали ја понудија и од Манчестер јунајтед.

Овие понуди на англиските ривали од Манчестер сепак се далеку од откупната клаузула која стои за Кулибали, а изнесува 150 милиони евра. Сепак, газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, откри дека играчот може да го пушти да си оди ако некој клуб понуди 100 милиони евра, но не и помалку од тоа.

 

- Оглас -

Најнови вести