Манчестер сити и официјално се откажа од трката по потписот на Флоријан Вирц, па сега Пеп Гвардиола има нова желба за средниот ред. Граѓаните со сите сили ќе тргнат по потписот на Дани Олмо од Барселона, а според шпанските медиуми, понудата ќе изнесува неверојатни 100 милиони евра.
Доколку навистина пристигне ваква понуда на адресата на Каталонците, тие со две раце би ја прифатиле, со оглед на фактот дека минатото лето го купија Олмо од Лајпциг за 55 милиони евра.
Заработката за Барселона би била одлична, а раководството на клубот веќе ја има пронајдено и замената за Олмо. Планот е доколку Олмо биде продаден, како негова замена да пристигне Чави Симонс од ПСЖ, чија вредност во моментов изнесува 70 милиони евра.