Сити со шампионски блесок против Астон вила, Гвардиола се радуваше како да освоил титула (Видео)

Манчестер сити со 2:1 славеше над Астон вила во дуел на две екипи кои се борат за позиција која води излез во Лигата на шампиони за следната сезона во Премиер лига. Со оваа победа, Сити стигна до 61 бодови и скокна на третото место на табелата, додека Астон вила остана на 57 бодови и падна на дури седмото место.

Сити прв се израдува на погодок и тоа по само седум минути игра, кога Бернардо Силва донесе голема радост за домаќините и водство од 1:0 погодокот на Силва може да го видите ТУКА.

Сепак, радоста на домаќините траеше кратко. Во 17 минута беше досуден пенал за тимот од Бирмингем, а Маркус Рашфорд погоди од белата точка за 1:1. 

Во продолжение на средбата Сити беше тимот кој повеќе напаѓаше и создаваше шанси, но резултатот беше непроменет. Така беше се до финишот на средбата, односно до 90+4 минута, кога Матеус Нуњес погоди за 2:1 за Манчестер сити и победа на актуелниот шампион на Англија.

- Оглас -

Најнови вести