Сити вечерва убедливо ќе победи, но не во Лигата на шампионите

Манчестер сити – Вест хем (20:30 ч.)

Англискиот првак игра денеска, но тоа не е меч од Лигата на шампионите, туку заостаната средба од Премиер лигата против Вест хем. Манчестер сити е голем фаворит за победа, додека Чеканите, кои се борат за опстанок, нема што да бараат бодови од ова гостување.

Сити дома во 12 меча даде 31 гол, а прими 12, што покажува дека секогаш се очекува да има ефикасен меч на стадионот во Манчестер. Сити има 10 победи по ред против Вест хем, а дури шестпати во овој период победникот дал барем четири гола.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.08)

 

Аталанта – Валенсија (21 ч.)

Аталанта е дебитант во Лигата на шампионите, но тимот од Бергамо покажа неверојатна желба за успех, но и квалитет. Во групната фаза тимот беше речиси елиминиран откако по првите три меча имаше само еден бод, но потоа со две победи и реми стигна до второто место и пласман во осминафиналето.

Дека успехот на Аталанта не е случаен, покажуваат и резултатите во италијанското првенство. Таа е веднаш зад водечкото трио Јувентус, Лацио и Интер и засега е сигурна на позиција која ѝ овозможува место во ЛШ и за следната година. Добрата форма ја потврди со победа од 2:1 против Рома пред неколку дена.

Нападот е главниот адут за домаќините, но кога се работи за мечеви од нокаут-фазата, може и еден погодок да биде решавачки затоа што има и реванш.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.60)

 

Тотенхем – Лајпциг (21 ч.)

Голем малер го снајде Тотенхем пред почеток на клучниот дел од сезоната. Се повреди Сон, кој е еден од двигателите во играта на тимот од Лондон. Токму поради таа повреда растат шансите за Лајпциг во овој двомеч.

Тотенхем е во серија од седум средби без пораз во сите натпреварувања, а и Жозе Мурињо на клупата може да биде адут затоа што Португалецот може да направи формација која ќе биде тешко пробојна за гостите, кои важат за напаѓачка екипа која ретко кога не дава гол.

Предлог тип: 1-3 гола (1.51)

 

Мирандес – Сарагоса (21 ч.)

Мирандес е чудо оваа сезона. Тоа е тимот кој успеа да стигне до полуфиналето од Купот на Шпанија и уште има шанси за чудо против Сосиедад затоа што загуби на гости само со 2:1, па на свој терен може да направи подвиг и да се пласира во финалето.

Второлигашот во првенството е во неверојатна низа и има шест нерешени по ред, а ако се додадат и двете победи претходно, значи дека осум меча не знае за пораз. Мирандес на свој терен сезонава во 15 меча има дури осум нерешени, а само еднаш загубил. Сарагоса има квалитет за да обезбеди место во Примера дивисион. Традицијата на дуелите на овие два клуба вели дека осум од последните 11 меѓусебни средби биле со 0-2 гола.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.45)

 

Килмарнок – Абердин (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои се со израмнет квалитет, што покажува и резултатот од првиот меч во осминафиналето на Купот, кога беше 0:0. И на табелата во првенството овие екипи се една до друга. Неверојатно делува фактот дека Килмарнок само еднаш го победил Абердин во последните 25 меѓусебни дуели, а дури 19 пати се радувал Абердин.

Предлог тип: 2 (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести