Скандал го тресе Островот откако фудбалер на Евертон изминатиот петок бил приведен во полициска станица поради сомнежи за педофилија. Клубот потврди дека фудбалерот е суспендиран додека трае истрагата, а идентитетот не е откриен.
Сепак, англиските медиуми претпоставуваат дека се работи за исландскиот играч за врска Гилфи Сигурдсон. По приведувањето, бил пуштен во домашен притвор откако била платена кауција.
Шпекулациите дека се работи за Сигурдсон е поради тоа што фудбалерот набрзо по објавувањето на овој скандал, ги избриша сите налози на социјалните мрежи, а тоа го стори и неговата сопруга. Евертон допрва треба да потврди дали навистина станува збор за искусниот Сигурдсон, а овој случај сигурно ќе ја наруши атмосферата меѓу Карамелите во пресрет на новата сезона во Премиер лигата.
The statement can be found here:https://t.co/vvwYaW0Ucm
— Everton Blue Army (@EvertonBlueArmy) July 19, 2021