Скандал на женското СП: Селекторот на Замбија обвинет дека сексуално вознемирувал фудбалерка

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска покрена истрага по обвинувањата за „непријатен гест“ во репрезентацијата на Замбија за време на Светското првенство за фудбалерки кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд.

Медиумите објавија дека селекторот на Замбија, Брус Мвапе, ги допрел градите на една своја фудбалерка пред мечот со Костарика.

„Можеме да потврдиме дека примивме жалба во врска со женската репрезентација на Замбија и дека го истражуваме случајот. ФИФА сериозно ги сфаќа обвинувањата на непримерно однесување и постои јасна процедура за пријава на вакви случаи“, стои во соопштението на ФИФА.

Фудбалската федерација на Замбија пак соопшти дена не добиле никаква поплака или пријава од фудбалерка или од член на делегацијата која отпатува на СП.

- Оглас -

Најнови вести