Скандал пред дербито: На Панцерите им забранија да тренираат на „Вембли“

Германските медиуми сметаат дека е скандал што Панцерите добија забрана да го одржат денешниот тренинг на тревата од стадионот „Вембли“ во пресрет на дербито против Англија во осминафиналето на ЕП.

Наводно националниот состав на Јоаким Лев не добил дозвола да се навикне на теренот поради тоа што се најавени поројни врнежи во Лондон кои би можеле дополнително да ја оштетат подлогата.

На култниот стадион досега се одиграа четири меча од континенталниот турнир, па затоа е важно да се одржи квалитетот на тревата.

Гордиот Албион беше домаќин во трите дуели од групната фаза, а завчера Италија славеше пласман во четвртфиналето со победата над Австрија од 2-1 по продолженија.

На „Вембли“ се предвидени да се одиграат и полуфиналните дуели, како и големото финале на 11 јули, по кое ќе се добие новиот владетел со европскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести