Скандал во Чаир, кошаркарите на МЗТ биле нападнати и не излегуваат на теренот

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром одбива да се појави на теренот и да го одигра второто полувреме на гостувањето кај Чаир 2030 затоа што, неофицијално, биле нападнати во поттрибинскиот простор.

По првиот дел, Металците водат со 44-42, а Штрковите засега немаат намера да продолжат да играат.

Судиите и домашните играчи се на терен, но гостите ги нема.

Директорот на МЗТ, Филип Ѓоревски, им објаснуваше на судиите и делегатот што се случило и се очекуваше конечната одлука дали средбата ќе продолжи или не.

- Оглас -

Најнови вести