Скандал во Германија со мигрант од Гамбија – Јата фалсификувал документи, го препознаа тренери од Африка

Емигрантот Бекери Јата предизвика голем скандал во Германија, откако одлучил да се подмлади за 2.5 години при пристигнувањето од Гамбија во фудбалскиот клуб Хамбургер.

Од фудбалскиот сојуз на Германија е најавена истрага, откако двајца поранешни тренери на Јата го препознаа и објавија дека фудбалерот се презива Дафа и нема 21 година, како што стои во регистрацијата на фудбалерот за Хамбургер, туку веќе чекори кон 24-то лето.

Јата е мигрант од Гамбија и таму имаат сигурни податоци за големиот талент, кој играл фудбал со вистинското име и презиме Бекери Дафа. Постои и видео запис на кој стои дека сегашниот фудбалер на ХСВ е роден на 6. октомври 1995 година, а не како што со веројатно фалсификувани документи Бекери се пријавил во Германија со датум на раѓање на 6. јуни 1998 година.

На Хамбургер вакво нешто му се случи и со познатиот фудбалер од Гана, Тони Јебоа, кој за разлика од Јата, односно Дафа се пријави како повозрасен со година на раѓање во 1964, иако подоцна се откри дека е две години помлад.

Досега за ХСВ Бекери има одиграно 16 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести