Во средата е издаден налог за апсење на ѕвездата на Шарлот хорнетс, Мајлс Бриџис, поради прекршување на условната казна за семејно насилство, злоставување деца и повреда на личен имот, објави Шерифот во областа Мекленбург во Сојузната држава Северна Каролина, САД.
Бриџис не ги почитувал наредбите од пресудата која претходно беше донесена. Кошаркарот на Шарлот во ноември минатата година беше осуден на тригодишна условна казна и 100 часа работа за заедницата.
Исто така, Бриџис доби и десетгодишна забрана за приоѓање поблиску од 100 метри на поранешната девојка која ја претепал, и тоа пред нивните две малолетни деца.
Бриџис тогаш ја прифати казната, но не ја призна вината.