Скандал во Сплит: Тијафо дивееше, па Американците загубија во Дејвис купот (Видео)

Холандија ја победи селекцијата на САД со 2-1 во тенискиот Дејвис куп, а овој меч го одбележа скандалозното однесување на Американецот Френсис Тијафо, кој му направи лоша услуга на американскиот тим.

Холанѓанецот Талон Грикспор, кој сервираше, побара челинџ и се покажа дека е во право, па судијата му додели поен кој значеше меч-топка за него. Тијафо негодуваше, инсистираше дека поенот треба да се преигра. Кога сфати дека џабе се буни, од бес почна да го крши рекетот, па судијата му додели казнен поен (од претходно имаше опомена), а тоа значеше и пораз бидејќи Холандија имаше меч-топка.

Инаку, на денешните мечеви од Дејвис купот може да се обложите во Sport Life, понудата е одлична.

Погледнете ја целата ситуација на мечот кој Тијафо го загуби поради неговото неспортско однесување:

https://twitter.com/i/status/1702396594795004118

- Оглас -

Најнови вести