Скапиот резервист на Барса пет недели аут

Нето, резервниот голман на Барселона, заработи фрактура на левата рака поради што ќе мора да отсуствува околу пет недели од терените. Бразилецот летово пристигна на „Камп ноу“ од редовите на Валенсија за сума од 26 милиони евра, којшто треба да биде замена за Марк-Андре тер Штеген.

Неговата кариера во шпанскиот првак стартуваше со непосакуван проблем, во моменти кога Нето добиваше позитивни реакции, особено по настапот против Наполи пред неколку дена. Како што известуваат шпанските медиуми, Нето ќе може да се врати на терените кон крајот на септември, така што ќе го пропушти стартот на сезоната во Ла Лига, како и во Лигата на шампионите.

Барселона во петок ги крева завесите на шпанското првенство со гостувањето кај Атлетик Билбао во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести