Скапо е, ама вреди – Челзи ги чека навивачите со шампањско

Челзи ќе ги пречека навивачите со шампањско, по речиси 280 дена без публика на „Стемфорд Бриџ“, а прв меч по паузата од март на кој ќе има публика на трибините е против Лидс.

Утре од 21 часот ќе се слушне и навивачкиот глас од трибините на стадионот во Лондон, откако Британската Влада дозволи од овој викенд во Премиерлигата да има огринечен број на гледачи.

Мразот вчера го скрши Арсенал, кој играше пред своите навивачи против Рапид Виена во меч од Европа Лигата.

Челзи објави дека комплетен пакет за ВИП место на трибините ќе чини 470 фунти за мечот со Лидс, а вклучено во комплетниот аранжман е билет за централната трибина и јадење и пиење од клупскиот бар на „Стемфорд Бриџ“.

Кај гостите се очекува стартер да биде нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој исто така ќе го игра првиот меч од март со навивачи на трибините.

 

 

- Оглас -

Најнови вести