Скаутиран од Сити, Челзи и Ливерпул, а потпишува за Лестер

Лестер е блиску до комплетирање на трансферот на Патсон Дака, замбискиот напаѓач од редовите на Салцбург. Дака веќе ги договори условите со Лестер и треба да го стави својот потпис на петгодишниот договор, а Салцбург за возврат ќе добие 30 милиони фунти.

Брзоногиот голгетер се покажа како достојна замена за Ерлинг Халанд меѓу австриските Црвени бикови, со што го привлече вниманието на неколку англиски гиганти, но, сепак, Лисиците победија во трката за неговите услуги.

Дака зад себе остави импресивна сезона со 34 погодоци и 12 асистенции во вкупно 42 настапи за Салцбург, па ќе биде интересно да се види неговиот квалитет во најатрактивната фудбалска лига во Европа, заедно со искусниот Џејми Варди во нападот на Лисиците.

- Оглас -

Најнови вести