Скаутите на Салцбург се мајстори – Австријците продадоа уште еден голем талент за убави пари

РБ Салцбург изминативе години се истакна како еден од најдобрите клубови за млади фудбалери, а на сето тоа одлично и заработуваат.

Ерлинг Халанд од пред неколку сезони, Карим Адејеми, Садио Мане, Наби Кеита, Дајот Упамекано, се дел од играчите кои што потекнуваат од овој клуб, кој што на нив заработи стотици милиони евра.

Летово го продадоа младиот Адејеми во Борусија Дортмунд за 35 милиони евра, а сега си замина и талентираното крило Бренден Аронсон, кој потпиша за Лидс. Иако сè уште не се знае точната сума, се претпоставува дека таа изнесува над 30 милиони евра за играчот од САД.

Аронсон на 66 натпревари за РБ Салцбург има вкупен учинок од 13 погодоци и 15 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести