Скјавоне ја победи тешката болест, ќе слави со многу радост 10-годишнина од титулата во Ролан Гарос

Франческа Скјавоне за среќа успеа да ја добие најтешката битка во животот и следната година ќе има можност во спокој да ја прослави десетгодишнината од единствената титула што ја освои во тениската кариера.

Во 2010 година славеше голема победа на Ролан Гарос, а девет години подоцна откри дека конечно ја добила и битката со туморот.

„Ми беше дијагностициран тумор пред седум месеци, но сега можам да објавам дека успеав да се изборам со тешките моменти што ги преживував. Кога ми кажаа дека го победив туморот експлодирав од среќа. Подготвена сум за нови предизвици во животот. Се гледаме наскоро“, објави во видео порака на Инстраграм, некогашната четврторангирана светска тенисерка.

- Оглас -

Најнови вести