Скола им одржа час по кошарка на Јапонците и ја протна Аргентина во четвртфиналето

Аргентина го доби клучниот меч против Јапонија со убедливи 97:77 и како трета најдобра селекција се пласира во четвртфиналето на кошаркарскиот турнир на Игрите во Токио.

Луис Скола им одржа час по кошарка на домашните кошаркари со дабл-дабл учинок од 23 поени и 10 скока во 26 минути игра, за прв триумф на Гаучосите што беше доволен за да бидат најдобри од треторангираните селекции.

Јапонците имаа свои надежи за пресврт иако во поголемиот дел од сребата беа во двоцифрена негатива, по што Аргентина ги реши дилемите во последните 10 минути освојувајќи ја четвртината со 32:24. Од домашната репрезентација се истакна Баба со 18 поени и 7 скока, додека Кампацо со двоен учинок од 17 поени и 11 асистенции се покажа како втор најдобар играч од Аргентина.

Во 10:20 часот се игра дербито меѓу светскиот првак Шпанија и европскиот шампион Словенија во битка за првото место во групата Ц.

- Оглас -

Најнови вести