Скопје има ракометен бастион, Вардар никогаш не загубил дома од Пик Сегед

Вардар ќе го брани својот бастион против Пик Сегед денеска од 20 часот, во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион е фаворит, нема пораз во меѓусебните дуели кога гостин му е Пик Сегед, а ова е нова голема шанса да се игра на фајнал фор турнирот во Келн.

Во Скопје денеска ќе ги видиме добропознатите лица, поранешните вардарци Канелјас и Македа, кои учествуваа во освојувањето на европската круна со Вардар.

Сега ќе бидат на спротивната страна, како адути на унгарскиот тим, но Вардар ја има улогата на фаворит. Интересен вечерва во „Јане Сандански“ ќе биде и дуелот на двата тренери Шпанци.

Роберто Парондо одлично го замени Раул Гонзалес, а Вардар повторно е на прагот на завршницата во Келн. На спротивната страна ќе биде неговиот сонародник Хуан Карлос Пастор, кој е тренер на Пик Сегед.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести