Скопје ќе грми: Рико Вуков ќе ја предводи парадата на Порше!

Ристо Вуков меѓу првите од светот на автомобилизмот најави дека ќе го смени рангот на првенството, па од Порше Карера Куп Италија ќе оди на највисокото ниво, односно Светскиот Куп што се вози како дел од пропратната програма со Формула 1. Оваа најава беше официјално соопштена на прес конференција кон крајот на ноември, а сега веќе се финализираат детали за промотивните активности во Македонија.

Слично како пред две години, кога по „смирувањето“ на пандемијата беше организирана гала промоција, Вуков ќе го претстави новиот тим на посебен настан за медиумите и покровителите. Но, овој пат ќе има многу повеќе простор за публиката: заедно со официјалниот Порше клуб во нашата земја, ќе има парада на овие автомобили низ улиците на главниот град. За оваа пригода, новиот автомобил на Вуков ќе биде специјално транспортиран од Италија, освен по скопските улици, публиката ќе може одблиску да го разгледа новото тркачко возило кое ќе биде изложено и во еден од најголемите комерцијални објекти (шопинг мол), за што деталите се уште се финализираат и наскоро ќе бидат објавени.

Сето ова ќе се случува веќе од 10 до 12 февруари.

- Оглас -

Најнови вести