Скопска доминација во Купот: ФМП подобар од Еуро Никел и си обезбеди дуел против сензацијата

Екипата на ФМП Академија е последниот патник во полуфиналето од Купот на Македонија, откако во интересен меч, со 91:88 го победи Еуро Никел. ФМП водеше во поголем дел од мечот и на крајот заслужено ќе играат во полуфиналето.

На две минути до крајот од третата четвртина, ФМП водеше со 69:53, но кавадарчани не се предадоа, па во 33 минута Еуро Никел стигна и до предност од 76:74. Сепак, скопскиот тим не се збуни и повторно го превема водството 81:80 на четири минути пред крајот. ФМП во тие моменти моменти со серија од 7:2 стигна до 88:82 на две и пол минути до крајот и во завршницата успеаа да ја задржат предноста и да се радуваат и да си обезбедат дуел против ТФТ кој направи сензација победувајќи го Пелистер.

Во полуфиналето на Купот се пласираа четири скопски екипи, па утре во „СРЦ Кале“, покрај дуелот ТФТ – ФМП Академија, во второто полуфинале ќе играат МЗТ Скопје Аеродром против Феникс.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести