Скот Фостер е мајстор за приземјување ракети во Хјустон

Скот Фостер не им лежи воопшто на кошаркарите на Хјустон рокитс и ноќеска по седми пат по ред загубија меч во НБА-лигата, кога тој им суди.

Фостер, повторно според ракетите од Хјустон, имаше контроверзни одлуки, а Крис Пол и Џејмс Харден предвреме го завршија мечот со Лос Анџелес лејкерс поради шест лични грешки.

Харден во изјава по мечот го нападна Фостер дека има личен проблем со неговиот соиграч Пол, а при една кавга на претходен меч меѓу Крис и овој судија дури имаше и дебата на која се расправаше за односот меѓу кошаркарите и судиите во НБА-лигата.

Хјустон ноќеска прокоцка предност од 19 поени против Лејкерс и загуби со 106:111 во „Стејплс центар“ во Ел-еј. И по овој пораз, има серија од 0:7 кога Скот Фостер им суди НБА-меч.

- Оглас -

Најнови вести