Нема што, скромно од Погба – Бара од Манчестер јунајтед милионче неделно

Пол Погба си ги кажа условите за да остане на „Олд Трафорд“, а сумата што ја бара францускиот репрезентативец од челниците на Манчестер јунајтед е еден милион фунти неделно.

Според информациите што сега ги потврдуваат и англиските медиуми, Реал Мадрид е заинтересиран за Погба, но и пишуваат дека ако Манчестер јунајтед ги прифати условите ,Пол ќе остане член на „црвените ѓаволи“.

Французинот има уште две години од актуелниот договор со англискиот гигант, со опција да биде продолжен за уште една година, а Јунајтед има план договорот да биде обновен до 2024 година. Секако, ако ги исполнат условите на играчот од средниот ред со неделна плата од еден милион фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести