Скулптура во чест на светската титула на Шпанија од 2010 (Фото)

Во шпанскиот град Албасете се прави скулптура со која се оддава признание на шпанската фудбалска репрезентација за титулата светски првак точно пред девет години. На 11 јули 2010 година, Шпанија во финалето ја победи Холандија со 1-0, а голот го даде Андрес Иниеста во 116-та минута.

Скулптура која ги отсликува шутот и положбата на телото на Иниеста при голот кој на Шпанија ѝ ја донесе првата и засега единствена светска титула, следната година ќе биде завршена и на десетгодишнината од титулата ќе биде изложена во центарот на Албасете, главниот град на автономниот регион Кастилја ла Манча, од кој доаѓа Иниеста.

Скулптурата е дело на уметникот Хавиер Молина, а погледнете како изгледа таа во моментов.

- Оглас -

Најнови вести