Слаба ефикасност: Сите денешни мечеви на Африканското првенство завршија со 1-0 (Видео)

Со победата на Габон против дебитантот Комори, се комплетираше денешната програма на Африканскиот куп на нациите и сите четири меча завршија со истиот резултат, 1-0.

Кај Габон ја немаше првата ѕвезда Пјер-Емерик Обамејанг, но неговите сонародници го најдоа патот до победата над островската земја од Индискиот океан. Арон Бупендза (играч на катарскиот тим Ал-Араби) беше стрелец на голот.

За Габон ова е многу важна победа бидејќи во групата се и опасните Мароко и Гана. Мароканците денеска ја совладаа Гана со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести