Слатки „карамели“ за Илиев, втор меч и втор шут-аут

Дејан Илиев си има омилен противник во Ливерпул, а тоа е младинскиот тим на Евертон против кого вечерва по вторпат во кариерата бранеше за Арсенал до 23 години и повторно не прими гол.

Мечот заврши нерешено, 0-0, а Илиев бранеше цел меч, и тоа одлично. Имаше таканаречен шут-аут и сега како гостин во Ливерпул и пред една година, кога Арсенал во Лондон ги декласира „карамелите“ со 4-0.

Илиев е во одлична форма и веројатно ќе биде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за мартовскиот старт на квалификациите за ЕП 2020, на мечевите на Македонија против Летонија дома и со Словенија на гости.

 

- Оглас -

Најнови вести