Славен Русин кој ја освои Лига Европа со Севилја, е нов тренер на Спартак од Суботица

Српскиот прволигаш Спартак од Суботица, официјално објави дека нивен нов тренер е Русинот Александар Кержаков.

Кержаков кој има 40 години, беше долгогодишен репрезентативец на Русија, најголем дел од кариерата мина во Зенит, а во сезоната 2007/2008 настапуваше за Севилја со која ја освои Лига Европа.

Тренерската кариера ја започна во 2018 година како селектор на рускиот тим за играчи до 17 години, па работеше во Том, Нижни Новгород, а пред Спартак, на кратко го водеше кипарски Кармиотиса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести