Славен спортист кој навива за Реал го зеде дресот со кој Мбапе даде три гола против Барса (Фото)

На натпреварот Барселона – ПСЖ немаше публика, но на „Камп ноу“ се најде славниот руски борец и непоразен шампион Хабиб Нурмагомедов, кој по натпреварот се пофали дека зел два вредни дреса од членови на парискиот тим.

Хабиб е познат како навивач на Реал Мадрид, па побара дрес од голманот Кејлор Навас, кој некогаш го бранеше голот на Кралскиот клуб од Мадрид. Тие се сликаа заедно при „примопредавањето“ на потпишаниот дрес.

Хабиб се пофали и дека го добил дресот на Мбапе и дека задоволството му е двојно, бидејќи Килијан направи хет-трик против Барселона, која е ривал на Реал Мадрид, омилениот клуб на Нурмагомедов.

Што се однесува до дресот на Лионел Меси, тој заврши кај неговиот сонародник Мауро Икарди. Секако, тие си ги разменија дресовите, па Меси во својата колекција ќе има и дрес на Икарди од ПСЖ како потсетување на овој меч кој нема да го памети по добро.

- Оглас -

Најнови вести