Славење на стружани, порачуваат: „Сонот продолжува“! (Фото)

Поразот вечерва во Луксембург имаше вкус на победа за екипата на Струга Трим Лум, која се пласира во баражот за влез во групите во Конференциската лига на УЕФА. Ако го елиминираат исландски Брејдаблик, стружани ќе станат вториот претставник на Македонија по Вардар, кој играл во групна фаза на некое европско клупско натпреварување.

Стружани овојпат наместо селфи од соблекувална, славеа и се фотографираа на теренот во Луксембург со своите малубројни навивачи.

„Сонот продолжува…“, порачаа стружани.

- Оглас -

Најнови вести