Славниот фудбалер го зголемува богатството со продажба на донери: Во „Мекдоналдс“ ќе платите повеќе, а нема да добиете квалитет како кај мене

Лукаш Подолски е фудбаер кој може да се пофали дека имаше одлична кариера. Со Германија беше светски првак на Мундијалот во 2014 година, а има уште две бронзи од планетарните собири, како и сребро од ЕП 2008 година. На клупски план почна во Келн, а потоа имаше одлична кариера играјќи во Баерн Минхен, Арсенал, Интер и Галатасарај. Потоа беше дел и од Висел Кобе, Анталијаспор и Гурњик Забже, каде што уште игра иако налето ќе наполни 39 години.

Освен фудбалот, Подолски пред неколку години започна со свој бизнис со храна. Отвори донер ресторан, а потоа реши да го прошири бизнисот и сега има над 30 ресторани низ цела Германија.

Цената на еден донер сендвич е 8,5 евра, а Подолски има своја филозофија околу тоа што донерот делува прилично скап.

„Ако нарачате мени во „Мекдоналдс“, ќе платите како во мојот ресторан, а може и повеќе. Сепак, таму храната е ср*ње, нема квалитет“, вели Подолски, чиј бренд го носи името „Мангал донерс“.

Според пишувањата, благодарение на овој одличен бизнис со храна, богатството на Подолски е зголемено и сега тоа се проценува на 207 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести