Славниот тренер на Железничар побара навивачите да не пејат песна од Дино Мерлин

Томислав Ивковиќ кој е тренер на сараевски Железничар, влезе во војна со навивачите на популарниот Жељо, откако побара од нив на натпреварите да не пејат една песна од Дино Мерлин која тие често ја пејат особено кога тимот губи.

„Онаа песна од Дино Мерлин мене многу ме навредува, а ги навредува и играчите. Тоа се млади момчиња кои даваат максимум за Железничар, на повеќето тоа им е матичен клуб кој го сакаат, треба да им се помогне. Затоа ги молам навивачите да не ја пејат, овие играчи не заслужуваат такво нешто“ – рече Ивковиќ.

Оваа изјава на човекот кој како голман на Југославија му одбрани пенал на Диего Марадона на Мундијалот во Италија во 1990 година, ги разбесни „Манијаците“ кои не само што не планираат да ја пејат песната, туку по социјалните мрежи најавуваат дека уште почесто ќе ја пејат за инает на Ивковиќ.

Ивковиќ не кажа на која песна од Дино Мерлин мисли, но веројатно е онаа со текст:

„Зарем е тоа сè што имам од тебе,

зарем тоа е сè што остана,

зарем тоа е сè за овие долги години?

Ако е, тогаш е премалку“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести