Слободен ќе биде влезот за мечот на кој Македонија ќе слави пласман на уште едно ЕП

Женската македонска ракометна репрезентација до крајот на оваа недела треба да потврди учество на уште едно Европско првенство. Македонија е во квалификациска група заедно со шпанија, Азербејџан и Литванија, а по четири одиграни средби, нашите дами се на второто место со четири бода. Шпанија е убедлив лидер со максимални 8 бода и сигурен учесник на ЕП, додека по два бода имаат Литванија и Азербејџан.

До крајот на квалификациите, Македонија на 3 април ќе гостува кај Азербејџан во Баку, селекција која пред шест месеци во Скопје ја победивме со убедливи 40:17. Крајот на квалификациите ќе биде на 7 април со мечот во салата „Борис Трајковски“, каде ќе ни гостува Литванија. Оваа репрезентација на гости ја победивме со 31:28 и сега в недела на наш терен треба да го прославиме пласманот на уште едно големо натпреварување.

Влезот за овој меч ќе биде бесплатен што е уште еден мотив плус салата да биде полна и репрезентативките со аплауз да бидат испратени кон нов успех.

- Оглас -

Најнови вести