Слободен влез за Купот во кошарка, но забрането внесување на навивачки реквизити!

Кошаркарската федерација на Македонија објави дека влезот за сите натпревари од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, ќе биде слободен.

„Поради актуелните здравствени прописи кои важат во нашата земја, капацитетот на салата во СРЦ „Кале“, каде ќе се играат натпреварите, е ограничен на 50%. По пополнување на предвидениот капацитет, салата ќе биде затворена.

Според протоколите за заштита од Ковид-19, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2,

*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните шест месеци, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст

*Во салата не е дозволено да се внесуваат навивачки реквизити, посетителите да се придржувате до препорачаните мерки, одржување на соодветна дистанца на седиштата. Задолжително е носење на маски во текот на натпреварите“ – стои во соопштението на федерацијата.

Од КФМ не прецизираа што точно се подразбира под навивачки реквизити.

- Оглас -

Најнови вести