Слободните удари во Тотенхем може да ги изведува и – Покетино (Видео)

Европскиот вицепрвак Тотенхем се наоѓа во Сингапур каде се подготвува за новата сезона во Премиерлигата, а задутре ќе одигра пријателски натпревар со италијанскиот шампион Јувентус.

Летово лондонскиот тим остана без изведувачот на слободните удари, Киеран Трипие, можеби ќе си оди и Кристијан Ериксен, но во екипата има еден друг мајстор за слободни удари, и тоа на клупата – шефот на стручниот штаб Маурисио Покетино. Според снимките кои ги објавија на официјалниот Твитер профил на клубот, Покетино со снајперска прецизност ги погодуваше аглите на голот со шутеви од надвор од 16-те метри.

Ова е првиот погодок:

 

Откако даде гол, Покетино реши да шутне уште неколку пати, а и тогаш докажа дека првиот гол не бил случаен:

- Оглас -

Најнови вести