Слоновите одат понатаму, Мароко непланирано ја победи Јужна Африка (Видео)

Репрезентацијата на Мароко ја шокираше Јужна Африка со гол на Бусуфа во 90-тата минута и победи со 1-0 во меч од Африканскиот куп на нациите, за кој многумина шпекулираа дека ќе заврши нерешено затоа што таков исход им одговараше на двете селекции. Но, средбата сепак не е наместена како што се претпоставуваше и сега Мароко како лидер на групата оди во следната фаза, а Јужна Африка ќе треба да чека дали ќе оди понатаму како една од најдобрите третопласирани.

Цели 90 минути се калкулираше, немаше премногу шанси, но Мароко иако и со 0-0 беше сигурно прв во групата, во финишот даде гол со кој им ги расипа сметките на „Бафана Бафана“.

Брегот на Слонова Коска со 4-1 ја порази Намибија и го освои второто место во групата. Слоновите до убедливата победа не дојдоа со којзнае колку добра игра бидејќи при 0-0 Намибијците имаа две одлични шанси. Но, искуството беше пресудно, а и среќата, бидејќи вториот гол падна со шут при кој топката одеше во голманот, но дефанзивец на Намибија со глава го смени правецот на топката и таа влезе во мрежата.

Ова е голот на Мароко кој може да значи елиминација на Јужна Африка:

https://twitter.com/i/status/1145751448367587328

- Оглас -

Најнови вести